• сабота, 23 ноември 2024

Одржано предавање за кривопаланчечките пчелари за штетници во пчеларство

Одржано предавање за кривопаланчечките пчелари за штетници во пчеларство
Крива Паланка, 5 февруари 2023 (МИА) - Здружението на пчелари "Пчела" од Крива Паланка организираше предавање од областа на пчеларството, со акцент на појава на штетници, нови, директно поврзани со климатските промени.
 
Претседателот на здружението, Ацо Павловски, истакна дека по период од две години застој во организацијата на директни средби со предавачите и експерти од областа на пчеларството поради Ковид-19  пандемијата,  ЗП,,Пчела" Крива Паланка продолжи со своите редовни активности.
 
- Задоволство е што можевме конечно да реализираме еден настан со кој речиси ја исполнивме големата сала во  Општина Крива Паланка, а предавањето предизвика голем интерес кај пчеларите од подрачјето на Крива Паланка и Ранковце. Предавачи беа Мирољуб Голубовски од катедрата за ентимологија при Факултетот за земјоделски науки и храна Скопје, кој воедно е и долгогодишен, искусен пчелар и Бранко Соколов, професионален пчелар. Двајцата говореа за пчеларството со посебен акцент на појавата на нови за нас непознати штетници во пчеларството кои за првпат се појавуваат кај нас и нашето опкружување, а се директно поврзани со климатските промени. Истовремено, беше нагласено дека во овој временски период после досегашното топло време пчелите пред време пчелите влегуваат во најтешкиот временски период за нивно презимување, заради што пчеларите треба да почнат со додавање на шеќерно-медни погачи за да можат успешно да презимат, изјави Павловски.
 
Што се однесува на презимувањето на пчелите, рече, сега за сега пчеларите немат пријавено загуби на пчелини семејства, но сепак вистнската состојба со зимските загуби на пчели ќе се види во средината на март, по извршениот прв пролетен преглед. ид/сст/

Остани поврзан