• вторник, 05 ноември 2024

Одржана трибина со лозарите од Левица - Кавадарци во организација на ЛИ ,,Рацин"

Одржана трибина со лозарите од Левица - Кавадарци во организација на ЛИ ,,Рацин

Скопје, 2 јуни 2024 
 
„Работникот, лозарот и општествените уредувања на Македонија“ е темата на трибината што се одржа во Кавадарци во организација на Левичарскиот институт „Рацин“.
 
Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, ги опиша најновите измени во Законот за вино и предлог-измените кои Левица планира да ги предложи во актуелниов мандат за подобрување на состојбата на лозарите и подобрување на степенот на додадена вредност на виното како готов производ автентичен за Тиквешкото виногорје. 
 
Освен пратеникот, Сашко Јанчев, на трибината свое излагање имаше и советникот од Левица, Михаил Тодоров. За истакнување е што и двајцата работат земјоделие. Меѓу другото, тие направија споредба на стандардот на животот на лозарите во Југославија и во денешна ,,капиталистичка” Македонија. 
 
На трибината учествуваа и членови на Левица кои се лозаропроизводители од семејни винарии и кои знаат кои се предизвиците на лозарите. Членовите се борци за општествена правда кои својот живот го посветиле на еманципацијата на работникот во општеството. 
 
Општите впечатоци од бербите од минатите години во Кавадарци беа пренесени пред лозарите од страна на членот на Локалното координативно тело на ЛО Кавадарци, Коле Камчев, кој и самиот е лозар со долгогодишно искуство во производство на трпезно грозје. 
 
Членовите кои учествуваа во дискусијата споменаа за голготата низ која поминуваат. Некои од нив морале да продадат дел од поседите за да ги исплатат долговите кои ги здобиле, купувајќи земјоделска опрема преку неповолните кредити кои се единствена опција во моментов. 
 
Преку дискусија, согледаа какво влијание имаат општествените уредувања на позицијата на работникот и лозарот, следејќи ја временската линија од почетокот на минатиот век до денес.

Партија Левица

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан