• петок, 22 ноември 2024

Одржана првата седница на Штабот за заштита и спасување во општина Илинден

Одржана првата седница на Штабот за заштита и спасување во општина Илинден
Скопје, 14 јули 2022 (МИА) - Штабот за заштита и спасување на општина Илинден денеска ја одржа првата седница со која раководеше командантот, градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски. На седницата, како што информираат од локалната самоуправа, покрај членовите од Штабот присуствуваа и претставници од јавните претпријатија од општината, како и претставници од ТАВ, ОКТА и ПО Петровец. -На првата редовна седница според дневниот ред беа претставени членовите од Штабот за заштита и спасување, се разговараше за состојбата на каналската мрежа на подрачјето на општина Илинден со цел заштита од поплави, Општинскиот противпожарен сојуз Илинден информираше за состојбата со пожари на подрачјето на општината. На оваа седница се дадоа и препораки за спречување на настанување и за отстранување на последиците од природни непогоди и други несреќи, соопшти општина Илинден. вј/ац/

Остани поврзан