• понеделник, 23 декември 2024

Одлуките на Уставниот суд некогаш може да ни се допаѓаат, некогаш не, но не треба се коментираат, изјави Мицкоски

Одлуките на Уставниот суд некогаш може да ни се допаѓаат, некогаш не, но не треба се коментираат, изјави Мицкоски

Скопје, 20 септември 2024 (МИА) – Одлуките на Уставниот суд не треба да се коментираат. Некогаш може да ни се допаѓаат, некогаш може да не ни се допаѓаат, но мислам дека не треба се коментираат, изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан за одлуката на Уставниот суд за замрзнување на „балансерот“.

Во однос на реакциите од албанскиот блок по одлуката на Уставниот суд, вклучително и партнерите во владината коалиција, Мицкоски вели дека ја видел и дека е во согласност со тоа што „ние сме го збореле во минатото“.

Мојата порака до луѓето во Брисел е јасна - ако навистина сакате да бидеме дел од европското семејство тогаш има начин, ако има желба има и начин. Повеќе ултиматуми нема да прифаќаме, барем д

- Да, ја видов. Таа реакција е во согласност со тоа што ние сме го збореле во минатото, практично унапредувањата и вработувањата треба да се темелат на квалитет и тоа е она кое што ние практично цело време го заговараме, изјави Мицкоски, кој денеска присустуваше на почеток на поплочување на улицата „Ванчо Прќе“ во Општина Штип.

Одлуката, посочи Мицкоски, не е конечна, туку практично тие тој дел од законот го ставаат во мирување, до носење на конечна одлука.

- Јас ќе останам на мојата позиција дека одлуките на Уставниот суд не треба да се коментираат, изјави Мицкоски. аа/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан