• недела, 22 декември 2024

Од верските календари

Од верските календари
10 јуни 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 мај. Денеска е Преподобен Никита Халкидонски. Овој светител засвети на земјата во времето на иконоборството. Од млади години се имаше повлечено во манастир. Неговата огнена љубов кон Христа од него набргу направи висок духовен светилник кој беше забележан од раководителите на црквата, па Никита беше избран за епископ на градот Халкидон. Кога на византискиот трон дојде иконоборечкиот цар Лав Ерменецот, скоро сите правоверни отци требаше да бидат прогонети. А тоа се случи и со Никита, кој отворено ја исповедаше правата вера и го прекоруваше царот за неговото отстапување. Свети Никита беше прогнат и во прогонство го заврши својот живот, преселувајќи се во вечните живеалишта на својот Господ, Исус Христос. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Благословен Иван Доминичи. Бил роден во Фиренца во 1356 година. На 14-годишна возраст стапил во доминиканскиот ред. Како свештеник проповедал. Поради големите способности и светиот живот, папата Гргур Дванаесетти во 1407 година го наименувал за дубровнички надбискуп и го испратил во Млетачката и Џеновската република. Во 1408 година бил именуван за кардинал. Умрел во 1409 година.

Остани поврзан