• недела, 22 декември 2024

Одбележување на Денот на Првата пешадиска бригада во Армијата

Одбележување на Денот на Првата пешадиска бригада во Армијата

Скопје, 2 април 2024 (МИА) - Во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец, денеска, со воена свеченост, ќе се одбележи Денот на најголемата борбена единица во Армијата, Прва пешадиска бригада.

Како што најавува Министерството за одбрана (МО), Бригадата ќе го одбележи Денот на единицата со соодветна програма на која се предвидени обраќања, прогласување на најдобра единица, доделување стимулативни мерки, воено дефиле на единиците, уметничка точка и приказ на вооружувањето и опремата со кои располага бригадата.

На прославата ќе присуствуваат министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, а пред припадниците на Бригадата ќе се обратат: министерката Петровска, командантот на командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини и командантот на бригадата, бригаден генерал Сашко Лафчиски.

Првата пешадиска бригада го прославува втори април кога по преземање на задачите и одговорностите на двете поранешни бригади, е трансформирана во најголемата борбена единица во Армијата со застапеност од повеќе армиски родови.

На свеченоста се очекува да присуствуваат и заменик на министерката за одбрана, Тирон Јајага, директорот на Генералштабот, бригаден генерал, Симеон Трајковски, претставници од Кабинетот на претседателот, генералите во Армијата, поранешни команданти на единицата, воени аташеи, раководители од Генералштабот и Министерството за одбрана и претставници на локална самоуправа и институциите со кои соработува единицата. мч/aa/

фото: МИА архива

Остани поврзан