• петок, 22 ноември 2024

Одбележан патрониот празник на основното училиште „Рајко Жинзифов“ 

Одбележан патрониот празник на основното училиште „Рајко Жинзифов“ 
Скопје, 5 април 2021 (МИА) – Основното училиште „Рајко Жинзифов“ од општина Кисела Вода  го одбележа  патрониот празник под мотото „Да е подобра од лани“. Во период од 22 до 26 март преку повеќе активности во знак на патронатот на училиштето, учениците читаа реферати и биографии за еден од македонските преродбеници, Рајко Жинзифов. - По повод патрониот празник членовите на литературната секција, предводена од наставничката Елена Ристевска со заедничка творба и оваа година му искажаа чест на големиот македонски преродбеник Рајко Жинзифов, информираат од училиштето.

Светскиот ден на шумите и Денот на водата, учениците од петто до деветто одделение од основното училиште „Рајко Жинзифов“  го одбележаа со   одржување онлајн еко-работилница, на која  дискутираа за моменталната состојба на планетата, за шумите и водата.

На работилницата, беше донесен и заклучок за тоа на кој начин се загадуваат почвата, водата и воздухот, како и за тоа што треба да се преземе за да се спречи и намали загадувањето.  Дел од овие ученици на уметнички начин ја претставија важноста на растенијата за добробитот на планетата земја, а воедно ја испраќаат и пораката: „Да ја зачуваме планетата, да го зачуваме зеленилото, само зелена планета е среќна планета, а ние жителите на оваа драгоцена земја, немаме резервна планета.“ Додека пак дел од нив засадија растенија во своите домови. За правилен развој на децата, во училишната сала се одржаа и спортски активности, се вели во соопштението. 

Oд личните творби на учениците низ годините, во училишната библиотека изработена е збирка која е достапна на следниот линкки/ац/

   

Остани поврзан