• петок, 05 декември 2025

Одбележан денот на општина Маврово и Ростуше

Одбележан денот на општина Маврово и Ростуше

Дебар, 2 мај 2025 (МИА) - На свечен начин денеска беше одбележан Денот на општина Маврово и Ростуше, 4 мај.

-Во присуство на советници, вработени, гости од здружението „Мак-Ѓоч“ - Маниса, Турција, функционери од локална и централна власт, родители, наставници, ученици, поканети гости и жители на општината, во спортската сала „Македонија“ беше одржана богата културно уметничка програма подготвена од учениците од општинските училишта, информираа од општината.

На настанот свое обраќање имаше градоначалникот Медат Куртовски кој го честиташе денот на општината и посака просперитетна, успешна и напредна општина. 

Меѓу другото рече дека под негово раководство а со залагање на советот и општинската администрација во изминатите седум години биле инвестирани околу 5,2 милиони евра во инфраструктурни проекти. Со проектите кои треба да се реализираат со сопствени средства, како и со проектите аплицирани на повикот на владата, вкупните капитални инвестиции ќе изнесуваат околу 7 милиони евра. 

На лица и институции кои со својата работа придонесоа за развој и афирмација на општината им беа доделени плакети а на учениците кои ја афирмираа општината на разни манифестации и натпревари им беа доделени пофалници. вт/нд/

Фото: Општина Маврово и Ростуше

 

 

Остани поврзан