• недела, 26 јули 2026

Огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“ од невремето во Скопје

Огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“ од невремето во Скопје

Скопје, 21 јули 2026 (МИА) - Во Градската општа болница „8 Септември“ не се примени повредени лица во невремето во Скопје, но е предизвикана огромна материјална штета, изјави за МИА директорот на болницата, д-р Синиша Стојаноски. 

Посочи дека чекаат комплетен увид за да се утврди обемот на штетата.

- Тоа ние денеска нема да го знаеме прецизно додека не излезе проценител на терен и не се направи официјален записник за штета од надлежните институции. Засега најголема штета имаме на кровот и кровната конструкција. Тоа е она што можам да го кажам од првичниот увид, додаде д-р Стојаноски за МИА. рп/лв/

Фото: МИА архива