• сабота, 23 ноември 2024

Овермарс отпуштен од Ајакс поради несоодветни пораки до колешките

Овермарс отпуштен од Ајакс поради несоодветни пораки до колешките
Амстердам, 7 февруари 2022 (МИА) - Марк Овермарс се повлече од функцијата спортски директор на Ајакс. Причина за раскинувањето на договорот со 48-годишниот менаџер е низата непримерни пораки кои тој на подолг временски период им ги испраќал на неколку колешки. - Се срамам. Минатата недела бев испрашуван за извештаите во врска со моето однесување. За жал, не сфатив дека ја поминав границата, но последниве денови разбрав сé. Одеднаш почувствував огромен притисок. Жал ми е. Секако, за човек на моја позиција ваквото однесување е неприфатливо. Сега и јас го сфаќам тоа. Но, веќе е доцна. Не гледам друг начин освен да го напуштам Ајакс. Тоа многу влијае и на мојата лична ситуација. Затоа ги молам сите да ме остават на мира мене и моето семејство, изјави поранешниот играч на Ајакс, Арсенал и Барселона. Овермарс беше спортски директор од 2012 година и е под договор до 2026 година. зс/

Остани поврзан