• сабота, 06 декември 2025

Објавен шестиот том од Избраните дела на Блаже Миневски

Објавен шестиот том од Избраните дела на Блаже Миневски

Скопје, 28 април 2025 (МИА) - „Матица македонска“  го објави шестиот том од Избраните дела на Блаже Миневски - романот „Форензички извештај за една мува“ („Општа историја на сувото око“).

Како што информира издавачката куќа, романот е „приказна  за тишината на минатото и вревата на сегашноста, приказна што се слуша кога читателот веќе завршил со читањето; приказна за читањето што се враќа како ехо на прочитаното“.

-Потресна исповед на оној што го слуша тоа што го читал како да го чита некој друг. Сведоштво за љубовта на оној што чита и омразата на оној што слуша.  Роман за тивката тага и бучната измама. Главниот лик во романот, интелектуалец со одредена парапсихолошка дарба, експерт за звук и звучна изолација, случајно наследува огромен, таен фонд документи од својот татко, долгогодишен шеф на службите за државна безбедност. Како самец кој никогаш во животот не работел, освен што повремено дресирал улични кучиња, астрално внесен во потрага по мистериозни информации скриени во архивата, открива сензационални тајни од приватниот и јавниот живот на многу луѓе, но и многу историски записи и неверојатни факти за сопственото семејство, соопшти „Матица“. хс/дма/

Фото: „Матица македонска“

         

Остани поврзан