• понеделник, 23 декември 2024

Објавен првиот број на списанието „Современост“ за оваа година

Објавен првиот број на списанието „Современост“ за оваа година

Скопје, 17 март 2023 (МИА) - Излезе од печат најновиот број на списанието за литература, култура и уметност „Современост” за 2023 година. Во првиот број се вклучени 21 статиja на 114 страници - два прилога проза, шест прилози поезија, три приопштувања, пет прилози од рубриката интерпретации, четири рецензии и афоризми.

Бројот е отворен со расказот „Јамата“ од Стефан Марковски и „Пригушени осцилации“ од Станка Бајлозова Барламова. Потоа следи избор поезија одВасил Дрвошанов, Мирјана Тренчева, Иван Стојановски, Марина Икономова Шокева, Никола Алтиев и Софија Добреска.

Бројот е отворен со расказот „Јамата“ од Стефан Марковски и „Пригушени осцилации“ од Станка Бајлозова Барламова. Потоа следи избор поезија од: Васил Дрвошанов, Мирјана Тренчева, Иван Стојановски, Марина Икономова Шокева, Никола Алтиев и Софија Добреска.

Преведени извадок од романсиерското творештво на славниот автор на готскиот хорор роман „Дракула“ Брам Стокер, како и од поезијата на современиот перуански поет Емилио Мартин Паз Панана и современата кинеска енциклопедистичка поетеса Јин Џиојуан се сместени во рубриката Приопштувања. Васил Тоциновски и младите македонистки Верица Мукоска, Симона Анакијевска, Моника Колева и, библиотекарката Елена Станкоска се застапени со статии во рубриката Интерпретации.

Во рубриката Вреднувања се застапени рецензии од Славчо Ковилоски, Никола Алтиев, Јованка Денкова и Андреј Медиќ Лазаревски.

Крајот е отстапен за прилог составен од 165 афоризми од велешкиот афористичар Атанас Крлевски.

Илустрациите во првиот број на „Современост“ за оваа година се дело на младиот ликовен уметник Калин Маловски, и истиот е достапен во книжарите на „Литература.мк“ и Антолог – Скопје.бт/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан