• недела, 21 јули 2024

Објавени резултати за сместување студенти од втора и повисоки години во студентските домови за 2023/2024

Објавени резултати за сместување студенти од втора и повисоки години во студентските домови за 2023/2024

Скопје, 5 септември 2023 (МИА) - Министерството за образование и наука денеска ги објави резултатите од Конкурсот за сместување во студентски домови за студенти од втора и повисоки години на студии за академската 2023-2024 година.

На веб-страницата на МОН се објавени листи на примени студенти за сместување во домовите: „Гоце Делчев“, „Пелагонија“, „Стив Наумов“ - нови бараки и трета зграда, „Томе Стефановски-Сениќ“ во Скопје, „Хилјадников“, „Логос“ и „Браќа Миладиновци“ во Штип, „Кочо Рацин“ во Битола, „Никола Карев“ во Охрид и „Орде Чопела“ во Прилеп.

Приговор на резултатите секој студент може да поднесе директно во студентскиот дом каде што аплицирал за сместување, во рок од пет дена од објавата на резултатите. хс/цр

Фото: МИА архива 

Остани поврзан