• сабота, 22 јуни 2024

Објавени онлајн податоци по кибернападот врз лондонски болници

Објавени онлајн податоци по кибернападот врз лондонски болници

Лондон, 21 јуни 2024 (МИА) - Податоците од кибер напад се наводно објавени на интернет неколку недели откако напаѓачите ги запреа операциите  во големите болници што се дел од здравствениот истем во Лондон, соопшти Националниот здравствен систем на Англија.

Синовис, приватна компанија што ги анализира крвните тестови за болници на 3 јуни, беше жртва на кибер-напад за кој се верува дека бил извршен од руска група, принудувајќи болниците во главниот град да откажат речиси 1.600 операции и термини за прегледи.

„Националниот здравствен систем беше информиран дека кибер-криминалната група синоќа објавила податоци за кои тие тврдат дека припаѓаат на Синовис и биле украдени како дел од тој напад“, се вели во соопштението објавено денеска.

„Знаеме ова колку може да биде загрижувачки за многу луѓе. Ние го сфаќаме тоа многу сериозно“. За прекин на нападот од криминалната кибер-група бараа откупнина.  зш/

Остани поврзан