• недела, 22 декември 2024

Објавена „Деконструкција на празнината“ на Даниела Андоновска-Трајковска

Објавена „Деконструкција на празнината“ на Даниела Андоновска-Трајковска
Скопје, 2 ноември 2022 (МИА) - Во издание на Центарот за култура и културолошки студии, излезе збирката раскази на писателката Даниела Андоновска-Трајковска „Деконструкција на празнината“. Во книгата се застапени 57 раскази, поделени во седум циклуси: „Деконструкција на танатосот“, „Деконструкција на празнината“, „Деконструкција на дијалогот“, „Деконструкција на домот“, „Деконструкција на живиот текст“, „Деконструкција на поезијата“ и „Деконструкција на поезисот“. Како што ќе одбележи Борче Панов во поговорот на книгата, „Даниела Андоновска-Трајковска жестоко ја напаѓа празнината од сите агли и дискурсите на еросот, танатосот и поезисот како врховен генезис на една животна драма. Таа ја поставува празнината како распетие на антиматеријата која практично не е празнина, туку густа исполнетот. Токму поради тоа нејзините записи во оваа книга повеќе наликуваат на епистоларен дневничен композит со шармот на интима, на кореспондеција со најдлабокото во самата себе. И токму тука се случува метаморфозата на овој лирски прозен феномен со кој практично се случува промената и деконструкцијата на празнината.“ „Даниела Андоновска-Трајковска ја поставува празнината како едно распетие на антиматеријата, која, практично, не е празнина, туку густа исполнетост. Токму поради тоа, нејзините записи во оваа книга повеќе наликуваат на епистоларен дневнички композит, на кој му го дава шармот на интимата, на кореспондецијата со најдлабокото во самата себе. Во деконструкцијата на поезијата писателката ни ја открива последната димензија на генезисот: Уметноста е концентрат што експлодира во читателот. Ги читаме расказите и разбираме дека празнината е најгуста во поезисот, кој е сличен на отровот, кој во мали дози е лек„, вели Панов. Даниела Андоновска-Трајковска (1979, Битола) е македонска поетеса, прозаистка, книжевна критичарка, доктор на науки по педагогија во областа на методиките и редовен професор по методика од областа на јазикот и литературата на Педагошкиот факултет – Битола. Член е на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ), Славјанската литературна и уметничка академија со седиште во Варна, Битолскиот книжевен круг (БКК) и Македонското научно друштво (МНД) – Битола каде во два мандата била претседател на Уредувачкиот совет. Главен уредник е на книжевните списанија „Раст“ (БКК) и „Современи дијалози“ (МНД). Има објавено над 100 научни трудови, девет книги поезија, книга со раскази, коавторска поетска книга на англиски јазик во Индија, книга на арапски јазик објавена во Обединетите Арапски Емирати, коавторска песнарка за деца, две меѓународни публикации од областа на образованието и еден универзитетски учебник. Преведена е на над 40 јазици и добитник е на неколку книжевни награди меѓу кои: Празник на липите (ДПМ, 2018), „Крсте Чачански“ за проза (2019), Караманов 2019 за поезија, Македонска книжевна авангарда (2020), Abduvali Qutbiddin (Узбекистан, 2020), Premio Mondiale "Tulliola-Renato Filippelli" (Италија, 2021), “Città Del Galateo – Antonio De Ferrariis” (Италија, 2021) и „Ацо Шопов“ за „Математичка поезија“ (ДПМ, 2020).са/

Остани поврзан