• понеделник, 03 јуни 2024

Обрадовиќ ги повика војската и полицијата да ја преземат власта поради мигрантите

Обрадовиќ ги повика војската и полицијата да ја преземат власта поради мигрантите
Белград, 3 март 2020 (МИА) - Лидерот на опозициското движење Двери, Бошко Обрадовиќ, денеска ги повика армијата и полицијата да ја преземат власта во земјата и да ги заштитат границите од мигрантите, и, како што рече, да се изолира претседателот Александар Вучиќ, бидејќи, според него, тој станал безбедносна закана поради политиката што ја спроведува кон мигрантите. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Обрадовиќ на прес-конференција во српското Собрание кажа дека Вучиќ поради меѓународна поддршка е подготвен да ја поддржи, како што рече, „миграциската политика на Сорос“, која подразбира отворени граници за мигрантите. - Србија е најотворена земја благодарение на поддршката што Вучиќ ја дава на политиките на Ангела Меркел и на Сорос. Вучиќ смета дека мигрантската криза може да помогне во наталитетот. Ако Србија секоја година ја напуштаат 50.000 лица, дали тоа значи дека Србија секоја година ќе прими 50.000 мигранти, изјави Обрадовиќ, тврдејќи „дека Вучиќ стои зад таквата политика и дека тоа им го ветил на Сорос и на Ангела Меркел и е подготвен да ја жртвува земјата.“ Лидерот на Двери оцени дека најдобрата мигрантска политика е онаа што ја спроведуваат земјите од Вишеградската група, кои, како што кажа, ги штитат своите граници. Околу проблемот со мигрантите денеска се јави уште една десничарска партија во Србија, Движењето за обнова на Кралството Србија, која побара од Владата да ги затвори границите кон Северна Македонија и Бугарија за мигрантите и зголемување на полициски патроли на границата. об/

Остани поврзан