Обезбедени средства за специјализирано возило за одржување хигиена во Неготино
- Обезбедени се средства за набавка на специјализирано возило за одржување на хигиената во Неготино, информираше денеска неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.
Неготино, 24 ноември 2022 (МИА) - Обезбедени се средства за набавка на специјализирано возило за одржување на хигиената во Неготино, информираше денеска неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.
- Заедно со директорот на Центар за развој на Вардарски плански регион Сашо Мошев го потпишавме договорот на набавка на специјализирано возило за одржување на хигиената. Ова е дел од проектот „Развој и унапредување на условите за одржување на чиста и здрава животна околина, набавка на специјализирано возило, за одржување на хигиената на јавните површини во општина Неготино, соопшти Стојанов.
Средствата за набавка на возилото во висина од 6.667.000 денари се обезбедени преку Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, во рамки на програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година. свд/мд/