• сабота, 24 август 2024

Обвинителството на Сицилија отвори истрага за убиство од небрежност по потонувањето на јахтата Bayesian

Обвинителството на Сицилија отвори истрага за убиство од небрежност по потонувањето на јахтата Bayesian

Палермо, 24 август 2024 (МИА) - Сицилијански обвинители соопштија дека истражуваат потенцијалнo злосторствo за несреќа на брод од небрежност и убиство од небрежност откако суперјахта потона при што загинаа седум лица, но нагласија дека нивната истрага е во рана фаза.

На прес-конференција, државниот обвинител Амброџо Картосио денеска не идентификуваше осомничени и рече „не исклучуваме ништо“ откако јахтата Bayesian потона во понеделникот по невреме. Загинаа британскиот технолошки тајкун Мајк Линч, неговата ќерка тинејџерка и уште петмина други лица. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан