• петок, 28 јуни 2024

НУ Музеј Куманово ќе организира универзитетски археолошки камп за локалитетот Градиште-Бислим

НУ Музеј Куманово ќе организира  универзитетски археолошки камп  за локалитетот Градиште-Бислим

Куманово, 1 април 2024 (МИА) - Исклучителна важна е понудата за организирање на археолошки камп во регионот на Куманово, на локалитетот Градиште во Бислимска Клисура, село Пчиња, соопштија денеска надлежните од националната установа Музеј Куманово. Иницијативата отвара можности за соработка на повисоко ниво, можност за размена на искуства и за нови методи и опрема за истражување на локалитетите.

-Огромно е значењето за нашиот музеј со радост ја прифативме понудата која дојде од реномираниот Флорида Универзитет од Мајами од САД и професорот Флорин Курта кој е познат експерт за раниот среден век и автор на книгата „Создавање на Словените“. Согласно понудата кумановскиот музеј треба да организира универзитетски археолошки камп од десетина студенти по археологија кои би се приклучиле на истражувањата на НУ Музеј Куманово во 2026 година, изјави директорката на НУ Музеј Куманово, Марија Миљуш Божурска.

Ова соработка е исклучително ретка за државава и музејот е подготвен на да ја прифати. Самиот локалитет е значаен и претходно и годинава истражува тимот археолози од Куманово.

-Имаше значајни откритија и понудата е резултат и на откритијата и на добрата соработка со нашиот тим археолози. Локалитетот е непроценлив и местоположбата е одлична во однос на туристичкиот потенцијал, додава Миљуш Божурска.

Фрагмент од фреска со рака на светител беше пронајден лани при археолошките истражувања на локалитетот Градиште-Бислим во село Пчиња. Тогаш се истражуваше источниот дел од локалитетот кај откриената ранохристијанска црква. Како што соопштија тогаш од НУ Музеј Куманово при истражувањето наишле на постари фрагменти од фреско декорација, со геометриска орнаментика, кои датираат од втора половина на 4 или почеток на 5 век. За археолошката, стручна јавност, големо изненадување беше сознанието дека ранохристијанската црква откриена во село Пчиња била украсена со претстави на светители, односно човечки фигури, пред сè, поради навидум тешкиот пристап на овој предел до главните патни комуникации (а со тоа и до цивилизациските текови), но и поради непостоење на вакви наоди во многу поголеми и позначајни ранохристијански црковни седишта во регионот и пошироко. ам/сст/


Фото: МИА и НУ Музеј архива

Остани поврзан