• петок, 05 декември 2025

Нормализиран сообраќајот на патот Велес–Градско по сообраќајна незгода

Нормализиран сообраќајот на патот Велес–Градско по сообраќајна незгода

Скопје, 22 септември 2025 (МИА) - По прекин од речиси два часа, нормализиран е сообраќајот на регионалниот пат Р1102 Велес–Градско кај крстосницата за село Ногаевци,  информираат од АМСМ.

Сообраќајот беше во прекин од 06:25 часот поради сообраќајна незгода и вршење увид. Од 08:20 часот патот повторно е отворен за сообраќај. дма/вј/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан