• вторник, 25 јуни 2024

Норис: Патеката во Бахреин никогаш не била поволна за болидот на Мекларен

Норис: Патеката во Бахреин никогаш не била поволна за болидот на Мекларен

Лондон, 29 февруари 2024 (МИА) – Ландо Норис ги процени шансите на Мекларен на воведното Гран При на сезоната. Според него, евентуалниот неуспешен настап на Мекларен на Големата награда на Бахреин нема да значи проблеми за тимот и можен неуспех оваа сезона.

- Патеката во Бахреин никогаш не му одговараше особено на нашиот болид. Ниту една од најсилните трки на Мекларен не се одржа во Бахреин. И би било прерано веднаш да се извлечат какви било заклучоци, како: „Значи, немавме доволно брзина на Големата награда на Бахреин. Сè е јасно, сезоната е завршена за нас“. Мислам дека ова важи за секој тим. Треба да си дадете две, три, четири, можеби пет трки, бидејќи секој има подеми и падови. И дури потоа ќе можеме искрено да ја процениме ситуацијата, гледајќи каков е односот на силите, а не да судиме според настапите што ќе ги прикажеме на Гран при на Бахреин, изјави Норис.

Новата сезона во светскиот шампион во Формула 1 ќе почне претстојниот викенд кога ќе се вози трката за Големата награда на Бахреин. 

Бранител на трофејот е тимот на Ред Бул и Макс Верстапен. зс/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан