• вторник, 07 јануари 2025

Норвешкиот премиер Сторе изрази загриженост поради мешањето на Маск во политиката надвор од САД

Норвешкиот премиер Сторе изрази загриженост поради мешањето на Маск во политиката надвор од САД

Осло, 6 јануари 2025 (МИА) - Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе го нарече вознемирувачки фактот дека Илон Маск директно се меша во внатрешно политичките прашања во земјите надвор од САД.

„Сметам дека е вознемирувачки што личност со огромен пристап до социјалните медиуми и огромни економски ресурси толку директно се меша во внатрешните работи на другите земји“, изјави Сторе за Норвешката јавна телевизија.

Тој рече дека тоа не е начинот на кој треба да се случуваат работите меѓу демократиите и сојузниците.

„Ако Маск се меша во норвешката политика, политичарите во земјата треба колективно да се дистанцираат од таквите напори, додаде Сторе. рп/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан