Норвешката Влада предлага 40 отсто од управните одбори на големите и средни компании да бидат жени
- Големите и средни приватни компании во Норвешка што не котираат на берзата мора да имаат менаџмент составен од најмалку 40 отсто жени, се наведува во денешниот нацрт-закон предложен од Владата
Осло, 19 јуни 2023 (МИА) – Големите и средни приватни компании во Норвешка што не котираат на берзата мора да имаат менаџмент составен од најмалку 40 отсто жени, се наведува во денешниот нацрт-закон предложен од Владата.
Норвешка беше прва во светот која во 2005 година воведе задолжителна квота за жени во одборите на котирани компании, што предизвика меѓународен бран и другите држави го следеа таквиот пример.
Во декември, норвешката Влада предложи да се прошири законот на големите приватни компании, а денеска објави дека предлогот ќе важи и за средните компании со минимум 30 вработени и годишни приходи од 50 милиони круни (4,7 милиони долари).
Законот целосно ќе биде имплементиран во 2028 година. ми/
фото: МИА архива