Нов спортски компекс во Љубанци, општина Бутел
- Во селото Љубанци во Општина Бутел од денеска е отворен нов спортски комплекс. Како што истакна градоначалникот на Бутел Дарко Костовски, станува збор за целосно комплетирано и оформено спорт
-Работиме и на многу други работи, за многу кусо, за некој ден почнуваме со нова градинка на територија на Бутел и многу други проекти, рече Костовски на отворањето на спортскиот комплекс.
Тој за вечер, на овој спортски комплекс, најави голем меморијален турнир, на кој се пријавиле околу 50-тина екипи. -Општина Бутел се јавува како генерален покровител на овој турнир и тој турнир е со традиција од околу 50-тина години, неколку години за жал не се одржуваше, но еве сега се одржува и навистина ги поканувам граѓаните на цела територија на градот Скопје да доаѓаат и да уживаат во овој убав настан на ова убаво игралиште, рече Костовски.И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој заедно со градоначалникот Костовски присуствуваше на денешното отворање на комплексот, рече дека очекува во следниот период ова игралиште да го користат децата и да прераснат во врвни спортисти кои ќе ја промовираат нашата држава надвор. Затоа што, како што рече, нема поголем промотор за една држава од спортистот.
-Навистина делува сето ова прекрасно, благодарност до компанијата „Жикол“ која во најголем дел го донираше ова спортско игралиште овде во Љубанци да има ваков изглед и се надевам дека и останатиот дел од општествено одговорните компании во земјава ќе го следат примерот на оваа компанија, рече Мицкоски.бт/мд/