Нов руски напад врз центарот на Харков, најмалку петмина повредени
- Наведувана бомба паднала врз супермаркет во центарот на Харков, кој се наоѓа во градски кварт полн со згради.
Киев, 4 ноември 2024 (МИА) - Русија синоќа изврши нов напад врз центарот на Харков, вториот по големина украински град, при што се повредени најмалку пет лица, изјави гувернерот на областа Харков, Олех Синјехубов. Руска наведувана бомба паднала врз супермаркет во центарот на Харков, кој се наоѓа во градски кварт полн со високи станбени згради. Пред нападот на супермаркетот, руските сили извршија напади и врз Харков, погодувајќи ги помалку населените области.
Синјехубов изјави и дека руската армија удрила станбена зграда во Кившаривка, мал град источно од Харков. Во тој напад е повредено едно лице, но се стравува дека многу луѓе се заробени во урнатините. Гувернерот на регионот Харков додаде дека континуираното гранатирање од руска страна создава дополнителен проблем за спасувачките сили на теренот.
Последниот голем напад на Харков го изврши Русија на последниот ден од октомври, кога беше погодена станбена зграда, при што загина 11-годишно дете, а тешко и полесно беа повредени најмалку триесетина луѓе. мс/
фото: ЦУК Украина