• недела, 22 декември 2024

Нов Зеланд ќе обезбеди бесплатни хигиенски влошки во училиштата

Нов Зеланд ќе обезбеди бесплатни хигиенски влошки во училиштата
Велингтон, 18 февруари 2021 (МИА) - Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн денеска изјави дека ќе се дистрибуираат бесплатни санитарни производи во училиштата за борба против менструалната сиромаштија. Таа нагласи дека истражувањата покажуваат дека секоја 12 девојка отсуствува од настава бидејќи нема пристап кон производите за менструална хигиена. Ардерн наведе дека бесплатната дистрибуција на производите за менструална хигиена ќе почне во јуни и за три години ќе чини 18 милиони долари. Пилот пороектот за бесплатна дистрибуција на производи за менструална хигиена почна минатата година и учесничките во него изразиле желба да одат во училиште и ги подобриле оценките. Шкотска минатата година стана прва земја во светот која обезбеди универзален пристап до бесплатни хигиенски влошки. ми/

Остани поврзан