• петок, 28 јуни 2024

Нов Дневен центар за деца и младинци со интелектуална попреченост во Заводот за рехабилитација во Топанско поле

Нов Дневен центар за деца и младинци со интелектуална попреченост во Заводот за рехабилитација во Топанско поле
Скопје, 25 март 2021 (МИА) - Нов Дневен центар за деца и младинци со интелектуална попреченост денеска ќе биде отворен при ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци во Топанско поле. -По повод отворањето на Дневниот центар ЈУ ќе ја посети министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Центарот во изминатите неколку години, обезбедува стручна поддршка и дневно згрижување за триесетина деца, млади и возрасни со интелектуална попреченост.  Отворањето на вториот дневен центар ќе овозможи подобри просторни услови за стручна, индивидуална и групна, работа со корисниците, согласно нивната возраст и лични потреби.свс/скс/

Остани поврзан