• сабота, 21 декември 2024

Нов генерален директор на албанската полиција е Илир Прода

Нов генерален директор на албанската полиција е Илир Прода

Тирана, 3 октомври 2024 (МИА) - Нов генерален директор на албанската полиција од денес е Илир Прода, кој на функцијата доаѓа од началник на Регионалниот комесаријат во Елбасан.

На прес-конференција го претстави министерот за внатрешни работи Ервин Хоџа, кој меѓу другото рече дека „денеска се отвора ново поглавје на патот на државната полиција“ и оти „именувањето на Прода за шеф на државната полиција ќе донесе поинаква динамика во полициската организација“.

Заблагодарувајќи се на довербата, Прода рече дека првото неговото ветување е дека ќе продолжи со максимална пожртвуваност во борбата против секаков вид криминал.

-Посебен акцент секако ќе ставам на унапредувањето на  соработката со полициите на соседните земји и пошироко, затоа што заедничките напори даваат и подобри резултати. Изборот на началници на 12. Регионални комесаријати, кое треба да се случи, ќе биде засновано на залагањата и покажаните резултати  и интегритетот на кандидатите. Во тоа ниту еден друг фактор нема да влијае, за ова давам максимална гаранција, рече Прода.

Во албанската полиција тој е 19 години, од 2005 година, од кога извршувал раководни функции на различни нивоа.

Доаѓа на местото на Мухамет Румбулаку, кој пред три месеци си поднесе оставка по серијата тешки кривични дела, меѓу кои и повеќе убиства убиства. вт/сд/

Фото: ФБ на Прода 

Остани поврзан