• четврток, 04 јули 2024

Новозаразени 252, активни КОВИД-случаи има 2239

Новозаразени 252, активни КОВИД-случаи има 2239
Скопје, 26 август 2022 (МИА) - Нови 252 случаи на КОВИД-19 од 867 направени тестови се регистрирани во последните 24 часа. Од вкупниот број позитивни, 59 се реинфекции.
Во изминатото деноноќие нема починати лица, а согласно Регистарот на умрени со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“  регистрирани се пет починати лица - по две од Скопје и од Прилеп и едно од Охрид, на возраст од 59 до 90 години. Сите починале во болнички услови во период од 18 до 24 август 2022.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, 127 од новозаразените се од Скопје, Кавадарци – 14, Куманово, Битола  и Охрид имаат по 12, Велес – 10, Прилеп – осум, Тетово – седум, Гостивар и Кичево имаат по пет новодијагностицирани, Штип, Кочани и Демир Хисар по четири, Струга, Гевгелија, Делчево и Виница по тројца, Струмица, Неготино, Ресен, Свети Николе, Крива Паланка и Богданци по двајца и по еден нов случај на коронавирус имаат Пробиштип, Кратово, Крушево и Демир Капија.
Регистрирани сe 426 оздравени пациенти: Скопје – 202, Охрид – 25, Битола – 24, Куманово – 18, Кавадарци – 15, Велес – 14, Штип и Кочани по 13, Прилеп – 12, Гевгелија и Струмица по 11, Струга – 10, Тетово, Гостивар и Крива Паланка по осум оздравени, Кратово – пет, Кичево и Неготино по четворица, Делчево, Виница, Ресен и Берово по тројца, Радовиш, Дебар и Пехчево имаат по двајца оздравени и по еден - Свети Николе, Крушево и Демир Капија.
Бројот на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата во земјава е  339 492 од
вкупно 2 147 514 тестирања. Оздравени се 327 780, починати 9473, а активни случаи има 2239.
Епидемиолошки анализи на вкупен број заболени и на активни по градови:
Скопје      159 645, Активни   965
Куманово    18 027, Активни    95
Битола      17 695, Активни    190
Прилеп      15 335, Активни    94
Тетово      14 388, Активни    54
Кавадарци   11 941, Активни    103
Велес             10 696, Активни    51
Гостивар     10 236, Активни    32
Охрид           10 156, Активни    134
Струмица    8742, Активни     34
Штип             8685, Активни     42
Кичево       6042, Активни     27
Кочани       5497, Активни     51
Струга        5153, Активни     30
Гевгелија     4828, Активни     63
Неготино    4106, Активни     30
Ресен            2997, Активни     14
Радовиш     2820, Активни     34
Свети Николе 2774, Активни     8
Крива Паланка 2622, Активни     22
Делчево     2143, Активни     42
Берово      1830, Активни     23
Дебар             1806, Активни     12
Валандово   1593, Активни     7
Виница      1477, Активни     16
Пробиштип   1296, Активни     1
Кратово      1096, Активни     9
Богданци     1093, Активни     12
Крушево     1018, Активни     7
Демир Хисар   925, Активни      15
Македонски Брод  785, Активни      5
Демир Капија      629, Активни      7
Македонска Каменица 535, Активни      4
Пехчево     515, Активни      6
Дојран      366, Активни      0
хс/са/

Остани поврзан