• понеделник, 23 декември 2024

Новогодишни пакетчиња за децата со посебни потреби од Општина Гостивар

Новогодишни пакетчиња за децата со посебни потреби од Општина Гостивар
Гостивар, 29 декември 2020 (МИА) - Општина Гостивар почна со распределба на 300 новогодишни пакетчиња за децата и лицата со посебни потреби. Подароци ќе добијат децата кои учат во специјализираните паралалеки од ООУ „Мустафа Кемал Ататурк“ и ООУ „Исмаил Ќемали“ и зддруженијата на лица со посебни потреби „Заедно можеме“, на слепи и лица со оштетен вид „Реалност“, на глувонеми лица „Тишина“ и Дневниот центар за деца со посебни потреби - Гостивар.
Афердита Мислими - Хамза, раководител на Секторот за социјална заштита при Општина Гостивар, посака следната година да биде подобра од оваа која ќе остане запаметена поради пандемијата.
- Со посетата на овие здруженија испраќаме порака дека Општина Гостивар е секогаш во поддршка на овие луѓе. Планираме и создаваме посоодветни услови во нивните седишта, изјави Мислими – Хамза.
Таа напомена дека идната година децата со посебни потреби во Гостивар ќе имаат засебен простор, кој ќе биде во идниот центар. центарот децата во своевиден центар.
Карванот за доделување на новогодишни пакетчиња на Општина Гостивар ќе продолжи и ќе заврши на последниот ден од годинава.згм/фф/

Остани поврзан