• петок, 03 јануари 2025

Новогодишна честитка од ВМРО-ДПМНЕ

Новогодишна честитка од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 31 декември 2024

Сплотено и заеднички, без никакви поделби меѓу нас, посветено да работиме за 2025 биде година на промени и трансформација на Македонија

Зад нас ја оставаме 2024 година. Година во која македонските граѓани го направија нивниот избор и одлучно, со нивниот глас, во државата ги донесоа промените.

Долго очекуваните промени, по седум годишното окупирање на институциите на системот од претходното државно раководство. Владеење, кое што просечниот македонски граѓанин го доведе до просјачки стап, македонските институции целосно беа деградирани, а економијата опустошена.

По големата и историска победа, ВМРО-ДПМНЕ ја презема одговорноста да ја води државата и посветено да работи за доброто на сите граѓани. Пред нас се големи предизвици на синарање на сите штети и последици на секое поле во државата.

Но, во деновите кога сите домови се исполнети со топла и празнична атмосфера, а луѓето се исполнети со надеж и верба за подобро утре, ВМРО-ДПМНЕ влегува мотивирано во нови почетоци, посветено да работи за доброто на сите граѓани.

2025 година ќе биде година на нови предизвици, за чие решавање сите сплотени и заеднички ќе работиме на нивно решавање и на постигнување на општествена благосостојба. Тоа зависи од сите нас поединечно, кои максимално треба да се посветиме достојно и одговорно да ги извршуваме секојдневните работни задачи и обврски.

Само со заеднички труд можеме да ги оствариме поставените цели и да постигнеме големи успеси и напредок.

Затоа, ВМРО-ДПМНЕ се залага сите заеднички и сплотени, без никакви поделби меѓу нас, посветено да работиме за 2025 година биде година на општествени промени, на трансформација и на економски раст и развој на Македонија.

На сите граѓани, ВМРО-ДПМНЕ им посакува среќна и бериќетна Нова 2025.  Во секој дом нека има добро здравје, мир и спокој во празниците што ни претстојат!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото ВМРО-ДПМНЕ


       

 

Остани поврзан