• четврток, 19 декември 2024

Нови началници во Генералштабот и родовите на грчката армија

Нови началници во Генералштабот и родовите на грчката армија

Атина, 12 јануари 2024 (МИА) – На денешниот владин Совет за национална безбедност со кој заседаваше грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, беше избран нов началник на Генералштабот на грчката армија, и на воената морнарица и на военото воздухопловство, јави дописничката на МИА од Атина.

На местото на досегашниот началник на ГШ,  Константинос Флорос, кој по четиригодишниот мандат ќе се пензионира, доаѓа Димитрис Хупис.

Мицотакис рече дека мандатот на Флорос се совпадна со период на голема геополитичка нестабилност и кризи, но и со години на значајна одбранбена и дипломатска надградба на земјата.

-Неговиот придонес беше непроценлив. Како пред предизвиците во вообичаена или и хибридна форма, така и во планирањето и спроведувањето на владината програма за квантитативно и квалитативно зајакнување на вооружените сили, рече Мицотакис.

Додаде дека началникот во заминување, го предводеше стратешкиот ангажман со САД, со Франција, Египет, Израел, ОАЕ и други земји, но и методично работеше на воената надградба на Грција во рамките на НАТО и Европа.

Паралелно му се заблагодари за „толку продуктивниот мандат, кој помогна Грција да биде уште посилна и погорда“. ср/сд/

Остани поврзан