• петок, 05 декември 2025

Нови инвестиции во средното економско училиште „Јане Сандански“ во Битола

Нови инвестиции во средното економско училиште „Јане Сандански“ во Битола

Битола, 15 август 2025 (МИА) - Секретарот на Општина Битола Борче Димитровски и директорката на СОЕУ „Јане Сандански“ Билјана Јанкуловска денеска извршија увид во реализираните проекти со финансиски средства издвоени од буџетот на локалната самоуправа.

Како што информира Општина Битола, се работи за реконструкција на училници во подрумскиот простор, опремување на училниците со школски клупи и столчиња, мебел за кабинети и опремување на Центарот за професионален развој и обука.

Вкупната вредност на реализираните средства е во износ од 1 722 600 денари.

- Општина Битола продолжува да инвестира во подобрување на условите во општинските училишта, се наведува во соопштението. мд/вј/

Фото: Фејсбук на Општина Битола 

Остани поврзан