• сабота, 17 август 2024

Новицки: Кошарката во Германија е на врвот на својата популарност, ги имаме најдобрите машки и женски тимови во историјата

Новицки: Кошарката во Германија е на врвот на својата популарност, ги имаме најдобрите машки и женски тимови во историјата

Берлин, 15 август 2024 (МИА) – Германската кошаркарска ѕвезда Дирк Новицки со нетрпение го очекува Светското првенство за жени во 2026 година.

- Многу сме возбудени. Ја имаме најдобрата генерација на машки и женски тимови. Само што победивме на женскиот олимписки турнир 3х3. Кошарката во Германија е на врвот на својата популарност. Се радуваме на можностите да се покажеме и за двата тима. Берлин ќе биде одлично место за Светското првенство за жени. Неодамна бевме домаќини на Еврокупот и се помина многу успешно. Имаме одлични стадиони, хотели, ресторани, историја. Ќе бидеме големи домаќини на турнирот, изјави Новицки.

Германецот кој е специјален советник во НБА-лигата, во текот на својата кариера има многу признанија и награди, а во 2011 година го предводеше Далас маверикс до шампионскиот трофеј во НБА. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан