• понеделник, 24 јуни 2024

Новиот договор на Халанд станува приоритет за Манчестер Сити

Новиот договор на Халанд станува приоритет за Манчестер Сити

Манчестер, 2 јуни 2024 (МИА) - Манчестер Сити ќе направи се што е можно за наскоро да потпише нов договор со најдобриот стрелец на тимот - Ерлинг Халанд.

Норвежанецот има договор уште три години, но загриженоста на раководството доаѓа од присуството на клаузула според која од ова лето секој клуб што може да си дозволи да плати 175 милиони за напаѓачот може да го привлече.

Целта е да се отфрли оваа ослободителна клаузула во новиот договор, што ја става во опасност иднината на Халанд на „Етихад“.

Клубот се повеќе ја прифаќа идејата дека следната сезона би можела да биде последна за Пеп Гвардиола во Манчестер Сити. Доколку Шпанецот замине, тоа може да влијае и на одлуката на некои од ѕвездите дали ќе продолжат во клубот без него.

Раководството на „граѓаните“ сака да ги минимизира шансите ова да се случи и со Халанд следното лето. дс

Фото: Архива

Остани поврзан