• понеделник, 23 декември 2024

Новинар на Би-Би-Си: Ова беше најтешката ноќ во последните 20 години известување од Газа

Новинар на Би-Би-Си: Ова беше најтешката ноќ во последните 20 години известување од Газа

Газа, 10 октомври 2023 (МИА) - Дописникот на Би-Би-Си од Газа, Ружди Абу Алуф, рече дека оваа ноќ била најтешката во последните 20 години од неговото известување од крајбрежниот појас што се граничи со Израел.

Како што рече, во текот на ноќта имало масовни воздушни напади.

„Бев во областа на градот Газа каде што беа уништени повеќето згради. Имаше застрашувачки звуци на експлозии, експлозии на небото и чад и пламен во текот на ноќта“, вели Абу Алуф.

„Живеам во станбена зграда со околу 20 семејства. Децата врескаа цела ноќ и никој не можеше да спие. За 20 години известување од оваа област, минатата ноќ беше најлошата на која сум бил сведок“, додава тој.

Кога се разденило, успеал да излезе од зградата.

„Успеав да излезам утрово. Возев насекаде низ урнатините. Згради се уриваат на улици, а цели населби се срамнети со земја. Уништени се владини и универзитетски згради, инфраструктура, џамии и полициски станици“, раскажува тој.

„Препознав некои од зградите. Но, некои не можете ни да ги препознаете поради обемот на уништувањето во овој дел на Газа“, вели дописникот Абу Алуф. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан