• петок, 22 ноември 2024

Ни треба окрупнување, изјави Гаши за можното обединување на партиите од коалицијата „Вреди“ во една партија

Ни треба окрупнување, изјави Гаши за можното обединување на партиите од коалицијата „Вреди“ во една партија

Скопје, 27 август 2024 (МИА) - Добро е да имаме еден силен стабилен политички субјект кај Албанците кој ќе ги претставува достојно и долгорочно, изјави денеска претседателот на Собранието Африм Гаши за идејата коалицијата „Вреди“ да се обедини во една политичка партија. Гаши, кој е поранешен лидер и основач на Алтернатива, не кажа конкретно кога би се случило ова обединување. 

- Мислам дека треба оваа коалиција да прерасне во хомогена структура и ќе ги претставува Албанците достојно и подолгорочно и мислам дека граѓаните треба да имаат и да гледаат стабилност во една политичка структура. Друго е кога е коалиција, друго е кога е политички субјект. Битно е дека во овој процес сега после изборите се работи на хомогенизирање на структурите, рече Гаши.

Идејата, според него, било тоа да биде постепено и природно да тече. - Да не биде тоа административно и да не биде насилно. Ќе гледаме тоа да биде преку заеднички комисии, заеднички тела, претседателство..., рече Гаши.

Минатата недела и лидерот на Демократското движење Изет Меџити потврди дека се работи на оваа идеја без да конкретизира кога би можело да дојде до конечно нејзино реализирање. ев/бак/

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан