• сабота, 23 ноември 2024

Николов: Две години се заговара за префрлање на производството на компанијата „Ван Хол“ од Белгија во Северна Македонија

Николов: Две години се заговара за префрлање на производството на компанијата „Ван Хол“ од Белгија во Северна Македонија

Скопје, 8 април 2024 (МИА) – Сопственикот на копанијата „Актива“ Иле Николов денеска информира дека компанијата се подготвува за целосното префрлање на производството на компанија „Ван Хол“ од Белгија во Северна Македонија.

Сопственикот на „Актива“ во Штип која е партнер со белгиската компанија „Ван Хол“ рече дека веќе две години се заговарало за постепено префрлање на целосното производството.

-Ние за таа работа веќе се спремивме „Актива“ минатата година имаше дополнителни инвестиции во делот на машинскиот парк и веќе е зголемен товарот на произвоство и немаме од наша страна закаснување за нивните потреби, потребите за зголемување на прооизводството ќе бидат следени и како ќе бидат доставувани барањата од нивна страна ние ќе го следиме тоа. Веќе сме во фаза на изградба на уште еден производен погон од 8 илјади квадрати кој ќе биде исто така во функција на зголемување на капацитетите на нашите компании. Така да, ние во целост сме спремни за таа работа, посочи Николов.

Во однос на девизниот прилив за „Актива“ од соработката со белгиската компанија за минатата година рече дека изнесува околу 15 милиони евра и дека следната година очекува доста поголем прилив.


-За оваа година очекуваме доста поголем прилив, се зависи од нарачките, сега за сега имаме на месечно ниво околу милион ипол евра до два милион евра, значи очекуваме некаде 20 до 25 милиона евра, појасни Николов.

Додаде дека во моментот 200 луѓе работат за потребите на белгиската компанија и дека најверојатно ќе има зголемување на бројот.

-Ние сега веќе 200 луѓе кои работат за потребите на Ван Хол и најверојатно ќе имаме зголемување и на бројот на вработените, но пак ќе повторам ние доста сме машински опремени, а машинското производсттво е потребно за нивните потреби, исто така имаме оддел за роботско заварување каде до пред две години имавме само два роботи за заварување сега имаме 12 од кои веќе се две сериозни роботски линии каде што претежно таму ги инсталираме елементите потребни на „Ван Хол“, истакна тој.

Николов, исто така не ја исклучи можноста за автобусите од „Актива“ во иднина да превезуваат војници на НАТО. свс/вдј/

Фото: МИА

Остани поврзан