Николовски ќе додели 133 договори за грант поддршка до 10.000 евра на мали производители на храна од неживотинско потекло
- Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Скопје ќе додели 133 договори за грант поддршка до 10.000 евра за набавка на опрема за производство, на малите производители на храна од неживотинско потекло.
Скопје, 28 ноември 2023 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Скопје ќе додели 133 договори за грант поддршка до 10.000 евра за набавка на опрема за производство, на малите производители на храна од неживотинско потекло.
Николовски ќе се обрати на настанот, а претходно ќе даде изјава заедно со Горан Димовски, тим лидер во IME - Increasing Market Employability Programme.вј/вг/
Фото: МИА архива