• понеделник, 23 декември 2024

Николовски најави нова мерка за складирање на житото во рок од девет месеци

Николовски најави нова мерка за складирање на житото во рок од девет месеци

Свети Николе, 25 јули 2023 (МИА) - На денешната седница на Влада ќе се донесе интерветна мерка од Законот за земјоделство и рурален развој за складирање на пченицата и јачменот, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски од Свети Николе, односно од втората по големина житница во земјава. Со интервентната мерка се обезбедува поддршка на земјоделците за складирање на јачменот и пченицата во рок од девет месеци, а претходно оваа поддршка траела два месеца.

-Овозможуваме субвенционирање на складирање на пченицата и јачменот во складишните капацитети од девет месеци, што значи 120 денари по тон, од месец. Тоа е поддршка за сите земјоделци, вели Николовски.

Посочи дека оваа мерка е преку Програмата за директни плаќања, а е со цел на земјоделците да им се обезбеди  поголема сигурност и да ги продадат пченицата и јачменот тогаш кога сметаат дека се најдобри откупните цени. вдј Викторија Димитрова-Јованова

Фото: МИА  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан