Нивото на Преспанското Езеро пониско за еден сантиметар
- Нивото на Преспанското Езеро е за еден сантиметар пониско од вчера, а кај Охридското и Дојранското Езеро нема промени, покажуваат денешните хидролошки мерења.
Скопје, 22 август 2023 (МИА) - Нивото на Преспанското Езеро е за еден сантиметар пониско од вчера, а кај Охридското и Дојранското Езеро нема промени, покажуваат денешните хидролошки мерења.
Како што информира УХМР, водостоите на сите три езера се пониски од августовскиот просек.
И состојбата на реките е без поголеми промени. Не се измерени значителни отстапувања на водостоите во однос на вчерашниот ден. мч/лв/
фото: МИА архива