• вторник, 27 август 2024

Нејмар ова лето и се понуди на Барселона, Флик го одби Бразилецот

Нејмар ова лето и се понуди на Барселона, Флик го одби Бразилецот

Барселона, 26 август 2024 (МИА) – Бразилската фудбалска ѕвезда, Нејмар сакаше да се врати во Барселона ова лето.

Како што пренесува „Diario Sport“, овој месец Нејмар и ги понудил своите услуги на каталонскиот фудбалски великан.

Сепак, главниот тренер на Барселона, Ханс-Дитер Флик го одбил Бразилецот, и покрај потребата да ја засили левата офанзивна страна.

Се истакнува дека по неуспешниот договор за Нико Вилијамс, главен избор на Барселона за оваа позиција е Федерико Киеза, но клубот разгледува и други опции, особено Рафаел Леао од Милан. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан