• понеделник, 23 декември 2024

Нетанјаху: Спроведувањето на мировниот план за Газа може да започне пред целосно да се разјаснат неговите услови

Нетанјаху: Спроведувањето на мировниот план за Газа може да започне пред целосно да се разјаснат неговите услови

Тел Авив, 3 јуни 2024 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека спроведувањето на првата фаза од планот промовиран од САД за ставање крај на војната во Газа, кој предвидува делумно ослободување на заложниците кои ги држи Хамас, може да започне без потребниот договор што ќе следи понатаму, објавија израелските медиуми.

Зборовите на премиерот протекоа од собраниската седница зад затворени врати и не се потврдени од властите.

Според британските медиуми, тоа сугерира дека Израел гледа можност за првично примирје во Газа, иако исклучува крај на војната, како што бара палестинското екстремистичко движење Хамас. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан