• петок, 22 ноември 2024

Нетанјаху: Нема никаков предлог од Хамас за ослободување на заложниците

Нетанјаху: Нема никаков предлог од Хамас за ослободување на заложниците

Тел Авив, 22 јануари 2024 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска негираше дека е во тек ново ослободување на заложниците од Газа, додавајќи дека Израел презема сопствена иницијатива, во отсуство на конкретна понуда од палестинската милитантна група Хамас.

„Во моментов нема реален предлог од Хамас“, наведе  кабинетот на израелскиот премиер, додавајќи дека има иницијатива од израелска страна, но за неа не сакаше да зборува  подетално, пренесуваат британските медиуми.

Владата на Нетанјаху наведува дека израелската офанзива, која почна по смртоносниот напад на Хамас на 7 октомври во јужен Израел, во кој беа убиени околу 1.200 лица и киднапирани околу 240, е неопходна за „да се изврши притисок врз палестинските киднапери да ги ослободат заложниците“. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан