• сабота, 23 ноември 2024

Нетанјаху вети дека „ќе се бори до победа“ откако Хамас ослободи две американски заложнички

Нетанјаху вети дека „ќе се бори до победа“ откако Хамас ослободи две американски заложнички

Ерусалим, 21 октомври 2023 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека „ќе се бори до победа“ во Газа, сигнализирајќи дека нема да ги прекине воздушните напади и очекуваната копнена операција во енклавата откако палестинската исламистичка група Хамас ослободи две американски заложнички, објавија странските агенции.

Џудит и Натали Раанан, мајка и ќерка кои беа киднапирани од борците на Хамас на 7 октомври, се првите киднапирани чие ослободување е потврдено од двете страни во конфликтот.

„Двајца од нашите киднапирани се дома. Не се откажуваме од нашите напори да ги вратиме сите киднапирани и исчезнати. Во исто време, ќе продолжиме да се бориме до победа“, изјави ноќеска Нетанјаху.

Израел распореди тенкови и војници во близина на Газа, подготвувајќи се да ја нападне палестинската енклава по копно. Во израелските воздушни напади врз Газа досега загинале најмалку 4.137 Палестинци, меѓу кои стотици деца, а раселени се повеќе од еден милион цивили, според палестинските власти. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан