• сабота, 06 јули 2024

Неопходни вработувања во кумановскиот Дом за стари лица

Неопходни вработувања во кумановскиот Дом за стари лица

Куманово, 5 јули 2024 (МИА) - Домот за стари лица Куманово има потреба од негуватели, помошен персонал за во кујна, медицински кадар, информираа денеска, надлежните од јавната установа. Годишниот план за 2024 година е доставен и одговорните од „Зафир Сајто се надеваат дека надлежното Министерство ќе ги одбори вработувањата. И за наредната година во планот за вработувања, вметнати и потребни се 15 лица, негуватели, готвачи, помошници во кујна.

-Се надеваме дека новиот тим во Министерството ќе има слух за потребите за вработување. Ние согласно нашите финансиски можности може да ги обезбедиме. Имаме 160 корисници нормативите пропишани од Министерството за една ваква институција предвидуваат поголема бројка на вработени, изјави директорот на установата, Дејан Стојановски.

Домот за стари лица преку различни Еразмус проекти или студиски посети разменува искуство со институции од соседните држави Грција и Србија. Според Стојановски, нема некоја разлика во однос на условите, но тој додава дека организираноста е на повисоко ниво. Европските нормативи пак укажуваат дека е потребна поинаква вонинституционална грижа за старите лица. Домот заедно со здружението за грижа на лица со интелектуална попреченост „Порака наша“ беше вклучено во проект за помош и нега на стари и немоќни лица во нивните домови. Стојановски смета дека има можности на старите од Куманово да им се понуди за различен спектар услуги на кој треба да се фокусира и градот и домот. За Куманово нема потреба од проширувањето на институцијата.

- Целосно сме исполнети. Претходно, реконструиравме повеќе оддели, соби. Планираме уште еден проект кој треба да се реализира од 2025-та. Условите ќе бидат значително подобрени, за она што сега е дел за импровизирана геријатрија. Државата треба да понуди изградба на домови во оние градови каде што нема, додава Стојановски.

За надлежните од кумановскиот дом за стари лица, поважно е да се работи на подобрување на условите и  да се понудат различни услуги за старите и немоќните лица. Во моментов тече реконструкцијата на просториите наменети за медицинскиот персонал. ам/сст/


Фото: МИА и „Зафир Сајто“

Остани поврзан