• понеделник, 23 декември 2024

Нексо и Мастеркард ја претставија кредитната картичка базирана на криптовалути

Нексо и Мастеркард ја претставија кредитната картичка базирана на криптовалути
Лондон, 13 април 2022 (МИА) - Дигиталната компанија за трговија и кредити со криптовалути Нексо (Nexo) објави дека во соработка со глобалната компанија за картички Мастеркард (Mastercard), денеска во Европа ја пушти во употреба првата кредитна картичка во светот базирана на криптовалути. Нексо картичката првично ќе биде достапна само во неколку европски земји и ќе функционира како кредитна картичка со дигитални средства како залог за одобрениот заем. Картичката е поврзана со кредитната линија што ја одобрува Нексо и се заснова на депонирани криптовалути. Може да ја користат 92 милиони трговци ширум светот кои прифаќаат плаќања со Мастеркард. Купувачите ќе можат да потрошат до 90 отсто од депонираната криптовалута. „Картичката не го вклучува минималниот износ на отплата (кредит), месечни рати или провизии за неактивност. Нема девизни провизии за износи до 20.000 евра месечно“, велат од Нексо. Потрошувачката не е ограничена, ниту сумата што може да се повлече од отворена кредитна линија, а каматата се плаќа само на искористениот износ на кредитот. За клиентите со коефициент заеми и депозити од 20 отсто, тој е 0 отсто. Повеќето традиционални кредитни картички не се обезбедени со депозит и вклучуваат лимит за трошење. „Мастеркард увидува дека дигиталните средства суштински го менуваат светот на финансиите“, рече Раџ Дамодаран од Мастеркард. паг/    

Остани поврзан