• вторник, 05 ноември 2024

Неисправен ракетен фрлач предизвика затворање на воздушниот простор и поморскиот сообраќај во теснецот Голем појас

Неисправен ракетен фрлач предизвика затворање на воздушниот простор и поморскиот сообраќај во теснецот Голем појас

Копенхаген, 4 април 2024 (МИА) - Активиран, но неисправен ракетен фрлач на брод на данската морнарица предизвика денеска затворање на воздушниот простор и поморскиот сообраќај во теснецот Голем појас, соопштија данските вооружени сили.

Националната поморска управа на Данска претходно ги предупреди бродовите да не пловат низ теснецот Голем појас, една од најпрометните морски патишта во светот и главниот поморски пристап до Балтичкото Море, поради ризикот од „испаѓање на фрагменти од проектил“.

„Проблемот настана при задолжителен тест каде што беше активиран ракетниот фрлач и не можеше да се деактивира. Додека не се деактивира ракетниот фрлач, постои ризик проектилот да биде истрелан и да одлета неколку километри“, се вели во соопштението на армијата. Во областа е во тек поморска вежба, покажа навигациското предупредување.

Предупредувањето опфати област околу четири километри јужно од мостот Голем појас, кој минува низ теснецот, додека мостот остана отворен за сообраќај. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан