• вторник, 24 декември 2024

На 22 ноември во Будимпешта ќе се одлучува за проширување на Шенген зоната

На 22 ноември во Будимпешта ќе се одлучува за проширување на Шенген зоната

Виена, 5 ноември 2024 (МИА) – Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер во Будимпешта ќе се сретне со колеги од Романија и Бугарија за да разговараат за проширувањето на Шенген, соопшти австриското Министерство за внатрешни работи.

Во соопштението од Министерството не се наведува каков ќе биде исходот од состанокот, иако весникот „Клајн Цајтунг“ претходно објави дека на состанокот најверојатно ќе се укине блокадата на Австрија и министрите за внатрешни работи на ЕУ ќе гласаат за проширувањето на Шенген зоната на 12 декември.

Весникот наведува дека средбата ќе се одржи на 22 ноември, а на неа ќе присуствуваат министрите за внатрешни работи Герхард Карнер од Австрија, Каталин Предоју од Романија, Атанас Илков од Бугарија, како и Шандор Пинтер од Унгарија.

На почетокот на годината беше постигнат договор за укинување на граничните контроли за воздушниот сообраќај, но сè уште се контролираат копнените граници. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан