• петок, 22 ноември 2024

На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

Тетово, 20 март 2024 (МИА) - Црковниот одбор при храмот Свети Атанасиј во тетовската полиција пријавиле сквернање на овој верски објект заради тоа што е поставено знаме на Албанија. Настанот бил пријавен попладнево околу 17 часот и 40 минути во СВР Тетово.

-Пријавено е дека непознати сторители на куполата од црквата „Свети Атанасиј" на тетовското Кале поставиле албанско знаме, а на бандера на влезот во Калето било истакнато знаме на УЧК. Веднаш по пријавувањето на местото е испратена екипа од СВР Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Од полицијата истакнуваат и дека се преземаат мерки за расчистување на  случајот. ас/лв/
фото МИА 

Остани поврзан